Пет лица вчера попладне нападнале и ограбиле 15-годишно момче на подрачјето на општина Центар. Инцидентот се случил околу 15:00 часот, кога тинејџерот бил пресретнат од групата, при што едно од лицата му се заканило со остар предмет и му одзело пари и мобилен телефон, додека друго го нападнало физички.
Случајот во 20:15 часот го пријавил таткото на момчето, Т.Д.(35) од Скопје, во Секторот за внатрешни работи – Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и идентификација на напаѓачите.























