УТРО.мк

Лишен од слобода возачот кој усмрти пешак на патот Прилеп–Градско

Лишен од слобода возачот кој усмрти пешак на патот Прилеп–Градско
Vero

Возач од Кавадарци е приведен по тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Прилеп–Градско, во која животот го загуби 89-годишен пешак од општина Росоман.

Според информациите од надлежните, инцидентот бил пријавен на 11 мај 2026 година околу 18:05 часот во ОВР Кавадарци. На местото на несреќата товарно возило „Сканиа“ со приколка, со регистарски ознаки од Кавадарци, управувано од 45-годишниот Р.Ј., удрило во стариот пешак К.Ѓ.

Ударот бил кобен, повредите што ги здобил пешакот биле од таков карактер што починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар по пристигнувањето на службите.

По налог на јавен обвинител, извршен е увид на терен од страна на увидна екипа на ОВР Кавадарци, по што телото на починатиот е испратено на обдукција во Судска медицина.

Од МВР информираат дека, по насоки на обвинителството, возачот Р.Ј. е лишен од слобода. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран