УТРО.мк

Србија не поддржа дел од санкциите на ЕУ против Русија и БиХ

Србија не поддржа дел од санкциите на ЕУ против Русија и БиХ
Vero

Во нов извештај објавен од Службата за надворешни работи на Европската Унија (ЕЕАС), се открива различен пристап на Србија кон пакетите рестриктивни мерки што ги усвојува Европската Унија, во зависност од државите и контекстите на кои се однесуваат.

Белград не се усогласил со продолжувањето на санкциите против Босна и Херцеговина, чија важност е продолжена до 31 март 2027 година. Оваа одлука, сепак, доби широка поддршка од повеќе земји во регионот и пошироко, меѓу кои Босна и Херцеговина, Албанија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Македонија и Украина, кои застанаа зад ставот на Унијата.

Србија, исто така, не дала поддршка за новата рунда санкции насочени кон девет поединци поврзани со нарушување на територијалниот интегритет на Украина, како и со настаните во Буча, кои ЕУ ги третира како тешки повреди на меѓународното хуманитарно право и можни воени злосторства.

Од друга страна, официјален Белград покажал усогласеност со дел од европските одлуки, вклучувајќи две декларации: едната поврзана со рестриктивни мерки кон физички и правни лица во Иран, а другата со мерки насочени кон актери вмешани во дестабилизирачки активности во Молдавија.

Овие податоци, објавени од ЕЕАС, уште еднаш ја нагласуваат селективната усогласеност на Србија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран