
Во раните утрински часови во Скопје е пријавен инцидент во кој 41-годишен жител останал без личните работи додека се наоѓал во своето возило.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, настанот се случил околу 00:10 часот, кога непознато лице пристапило до автомобилот и од совозачката страна ја отворило вратата. Во тој момент, од возилото била одземена чанта во која се наоѓале пари, банкарски картички, лични документи и други лични предмети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.
















