УТРО.мк

Пукање во воздух од автомобил: Уапсен 27-годишник во Аеродром

Пукање во воздух од автомобил: Уапсен 27-годишник во Аеродром
Vero

Полициските служби од СВР Скопје на 11 мај го привеле 27-годишниот Ф.Д. од Скопје, откако бил пријавен инцидент во кој од возило во движење било испукувано во воздух.

Настанот се случил околу 16:20 часот на територијата на скопската општина Аеродром, кога од патнички автомобил „BMW“ со локални регистарски таблички било забележано пукање со сигнален пиштол додека возилото се движело низ улиците.

По брза интервенција на полицијата, осомничениот бил лишен од слобода и повикан на службен разговор. При постапката, кај него бил пронајден и одземен сигнален пиштол, заедно со рамка во која се наоѓале 11 куршуми од 9-милиметарски калибар, за кои тој не поседувал соодветна дозвола.

За целиот случај е информиран надлежен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот, против Ф.Д. ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 396 од Кривичниот законик.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран