УТРО.мк

Скопјанец пукал од „БМВ“ во движење во Аеродром – приведен 27-годишник

Скопјанец пукал од „БМВ“ во движење во Аеродром – приведен 27-годишник
Vero

Лишен од слобода скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром

На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал дозвола.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран