Две масовни тепачки за помалку од 24 часа го вознемирија скопското село Батинци.
На 30 август 2025 година, околу 10:34 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале седум лица, сите жители на Батинци. Во тепачката биле користени и тврди предмети, а полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и поднесување соодветни пријави.
Само една вечер претходно, на 29 август околу 23:30 часот, во селото избила уште една масовна тепачка меѓу две групи од повеќе лица, во која биле употребени и тврди и остри предмети. Според информациите, до конфликтот дошло поради нарушени меѓусоседски и семејни односи.
Полицијата ги документира двата случаи, по што ќе следуваат соодветни поднесоци против учесниците во тепачките.