УТРО.мк

Кривична пријава за петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство

Кривична пријава за петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство
Vero

Скопје, 4 септември 2025 – Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавениот, вработен како помлад референт-архивар во Подрачната единица Куманово, во периодот од декември 2018 до април 2024 година не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси во вкупен износ од 1.159.081 денари. Второпријавениот, како тогашен директор на агенцијата, свесно дозволил исплата на плати и придонеси и покрај отсуството на вработениот.

Третопријавениот, во својство на директор во периодот 2020–2024, продолжил со исплатата, додека четвртопријавениот, раководител на Одделението за финансиски прашања, без проверка потпишувал финансиски извештаи. Петтопријавениот, исто така раководител на Одделение, не презел мерки за спречување на незаконитата состојба.

Според МВР, државниот буџет бил оштетен за 1.682.759 денари, а случајот е поднесен до надлежното Јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран