
Контролор на ЈСП бил физички нападнат додека извршувал работни задачи во автобус на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 10 јуни 2026 година во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н. (49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од 50-годишната Д.Ц., откако претходно констатирал дека таа немала платено билет за превоз.

















