УТРО.мк

„Ауди“ излетало од патот кај Охрид – Има тешко повредени

„Ауди“ излетало од патот кај Охрид – Има тешко повредени
Vero

Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид.

Според информациите од СВР Охрид, несреќата била пријавена на 10 јуни 2026 година во 17:50 часот. Патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална ограда и излетало од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди здобила сопатничката Б.А. (23), исто така државјанка на Обединетото Кралство. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид, а се работи на утврдување на причините што довеле до сообраќајната незгода.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin