УТРО.мк

Трагедија на експресниот пат Градско – Прилеп: Две лица загинаа, едно е тешко повредено

Трагедија на експресниот пат Градско – Прилеп: Две лица загинаа, едно е тешко повредено
Vero

Две лица го загубија животот, а едно лице се здоби со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 13:30 часот се случила на експресниот пат Градско – Прилеп, по автопатската клучка за Кавадарци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале две патнички возила. Екипа на Итната медицинска помош од Кавадарци на местото на настанот констатирала смрт кај возачот и неговата сопатничка од едното возило.

Возачот на другото возило се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната прва помош во Општата болница во Кавадарци бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Од МВР информираат дека увид на местото на несреќата врши јавен обвинител во координација со увидна екипа од ОВР Кавадарци.

„Сообраќајот е во прекин и е пренасочен по регионалниот пат“, соопштија од Министерството.

Раководителот на Итната медицинска помош Кавадарци, д-р Антоан Паракеов, во изјава за МИА посочил дека според првичните информации, до несреќата дошло по директен судир меѓу двете возила.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin