УТРО.мк

„Курдите нè изневерија“: Трамп откри детали за неуспешниот план против Техеран

„Курдите нè изневерија“: Трамп откри детали за неуспешниот план против Техеран
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека обидот на Соединетите Американски Држави да помогнат во соборувањето на режимот во Иран не успеал, обвинувајќи ги Курдите дека не го исполниле договореното и го задржале оружјето што требало да биде дистрибуирано до иранските опозициски сили.

Во интервју за Фокс њуз, Трамп рече дека Вашингтон испорачал оружје на Курдите, кои ги смета за регионални противници на Иран, но наместо да го проследат понатаму, тие го искористиле за сопствени потреби.

– Курдите нè изневерија. Но, ќе го запомнам тоа, Курди – изјави Трамп.

Тој додаде дека уште од самиот почеток имал резерви кон ваквиот пристап, бидејќи се сомневал дека оружјето нема да стигне до оние за кои било наменето.

– Бев против тој план бидејќи верував дека Курдите ќе го задржат оружјето за себе – истакна американскиот претседател.

Масовните протести во Иран започнаа кон крајот на 2025 година, првично како демонстрации на трговци незадоволни од економската состојба во земјата. Подоцна тие прераснаа во пошироко движење со барања за политички промени и смена на власта во Техеран.

Протестите беа задушени во средината на јануари оваа година, кога иранските власти интервенираа со безбедносните сили и воведоа целосна интернет-блокада низ државата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin