УТРО.мк

КОИ СЕ СОПРУЖНИЦИТЕ КОИ СО МЕРЦЕДЕС ПРЕКУ ТАБАНОВЦЕ ГИ ПРЕНЕСОА ВО СРБИЈА САИТ САИТОВ И НЕГОВИОТ ТАТКО? ОЈО покрена обвинение, се бара притвор

КОИ СЕ СОПРУЖНИЦИТЕ КОИ СО МЕРЦЕДЕС ПРЕКУ ТАБАНОВЦЕ ГИ ПРЕНЕСОА ВО СРБИЈА САИТ САИТОВ И НЕГОВИОТ ТАТКО? ОЈО покрена обвинение, се бара притвор
Vero

Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение против двајца сопружници кои, како што стои во соопштението, му помогнале на 18-годишниот Саит Саитов да избега од земјата по сообраќајната несреќа со смртни последици во скопската населба Капиштец на 9 јануари.


Според обвинението, веднаш по несреќата сопружниците со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки отишле до домот на Саитовски, го земале него и неговиот татко, и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што се вратиле назад во земјата околу полноќ.


Осомничениот Саитов, кој, според обвинителството, предизвикал сообраќајна несреќа со смртни последици и по кого е издадена меѓународна потерница, сè уште е недостапен на органите на прогонот. Претходно за него трага полицијата врз основа на издадена наредба за меѓународна потерница од Основното јавно обвинителство Скопје.


За сопружниците е предложено судот да определи притвор за мажот, а куќен притвор за жената, како мера која ќе важи за време на постапката. Во обвинението тие се товарат за помагање на сторител по извршено кривично дело, што е казниво според Кривичниот законик.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран