УТРО.мк

Хорор на Тик Ток: Три малолетнички нападнале 11-годишно девојче

Хорор на Тик Ток: Три малолетнички нападнале 11-годишно девојче
Vero

Три малолетнички од скопски Чаир физички нападнале своја врсничка во текот на летниот распуст, а нападот бил снимен со мобилен телефон на едно од девојчињата. Видеото подоцна се појавило на социјалните мрежи, пред почетокот на учебната година, најверојатно со цел да го понижат девојчето пред врсниците.

Таткото на 11-годишната девојка пријавил во полиција откако го видел видеото. Според полицијата, настанот се случил на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во близина на угостителски објект, а едно од девојчињата го снимало нападот.

„Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за кривичните дела насилство и неовластено снимање“, соопшти полицијата.

Со почетокот на учебната година, надлежните предупредуваат дека булингот повторно може да стане актуелен проблем. Министерството за образование и наука (МОН) препорачува организација на работилници и активности во училиштата за надминување на стереотипите кои најчесто водат до врсничко насилство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран