УТРО.мк

Хаос во Австрија: Бугарски државјани краделе гуми, па си ги заборавиле лични карти кои завршиле директно во рацете на полицијата!

Хаос во Австрија: Бугарски државјани краделе гуми, па си ги заборавиле лични карти кои завршиле директно во рацете на полицијата!
Vero

Неуспешен обид за организирана кражба ја потресе австриската јавност откако двајца бугарски државјани се обиделе да ограбат претпријатие за автомобилски гуми во градот Салцбург, но нивниот план пропаднал во последен момент.


Инцидентот се случил вечерта на 3 април, кога осомничените, на возраст од 45 и 48 години, пристигнале на локацијата со микробус, очигледно подготвени за поголема кражба. Според информациите од локалните медиуми и полицијата, тие започнале да товараат гуми и други автомобилски делови, што укажува дека станувало збор за добро организирана акција.
Сепак, нивниот план бил осуетен откако сведоци ги забележале сомнителните активности и веднаш алармирале полиција.

Само неколку минути подоцна, органите на редот реагирале, што ги принудило осомничените панично да побегнат од местото.

Во хаосот што настанал, тие оставиле зад себе дел од веќе натоварената стока, но и самиот микробус со кој пристигнале. Наместо организирано повлекување, двајцата побегнале пеш во непознат правец, што според истражителите покажува дека не биле подготвени за ваков развој на настаните.


При деталниот увид на напуштеното возило, полицијата пронашла повеќе автомобилски гуми, акумулатори и други делови, но најважно – документи кои можат директно да доведат до идентификација на осомничените. Истражителите не ја исклучуваат можноста дека украдената стока била наменета за нелегална продажба или дел од поширока криминална мрежа.


И покрај брзото започнување на потрагата, двајцата осомничени сè уште не се пронајдени. Австриската полиција продолжува со интензивна истрага, при што се разгледуваат повеќе сценарија, вклучително и можноста тие да се дел од организирана група која се занимава со кражби на автомобилски делови во регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран