УТРО.мк

Измама во Скопје: Пензионерка му дала 30.000 евра на лажен доктор за „операција на ќерка ѝ“

Измама во Скопје: Пензионерка му дала 30.000 евра на лажен доктор за „операција на ќерка ѝ“
Vero

Скопјанка на возраст од 83 години пријавила во полиција дека станала жртва на измама и изгубила 30.000 евра, откако лице ѝ се претставило како доктор и ја убедило дека нејзината ќерка имала сообраќајна несреќа и итно треба да биде оперирана.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 25 јуни 2025 година околу 18:30 часот во СВР Скопје. Измамникот ѝ се јавил телефонски и, користејќи ја нејзината загриженост, успеал да ја убеди да му даде пари за наводната хируршка интервенција.

Жената се договорила со маж на возраст од околу 60 години, кој дошол лично и ги зел парите. Подоцна сфатила дека целата приказна е лажна и пријавила во полиција.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран