
Засилени активности против недозволената трговија со дрога – 13 лица лишени од слобода, одземени дрога и оружје
Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот беа реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава.
Во рамки на акцијата беа извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода беа лишени 13 лица. Притоа, пронајдени и одземени се 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција.
Министерството за внатрешни работи продолжува со силни, координирани и континуирани активности во борбата против недозволената трговија со дрога, со цел откривање на сторителите, разбивање на криминалните мрежи и заштита на безбедноста на граѓаните.

















