УТРО.мк

Финансиска полиција отки измама во Тетовскиот универзитет – Поднена кривична пријава

Финансиска полиција отки измама во Тетовскиот универзитет – Поднена кривична пријава
Vero

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово против вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување исправи.

Според соопштението, пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 година, наводно ги злоупотребил своите службени овластувања со цел да се стекне со противправна имотна корист.

Од Финансиската полиција тврдат дека, наместо паричните средства што студентите му ги доверувале во готовина за плаќање на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање да ги уплати на сметката на Универзитетот преку системот „Е-pay“, тој ги присвоил за себе.

Според наводите, со тоа се стекнал со противправна имотна корист од 3.362.272 денари, а за истиот износ бил оштетен буџетот на Универзитетот во Тетово.

Во соопштението се наведува дека, за да го прикрие присвојувањето на средствата, осомничениот изработувал фалсификувани потврди за наводно извршени уплати преку системот „Е-pay“. За нивната изработка, според Финансиската полиција, користел податоци и QR-код од автентична потврда, по што ги менувал податоците за уплатувачот, износот и датумот на уплата, а потоа таквите потврди им ги предавал на студентите.

Студентите, верувајќи дека уплатите се извршени, ги прикачувале потврдите во електронскиот систем и ги доставувале до студентската служба како доказ за плаќањето.

Изнесените наводи се од Управата за финансиска полиција и се предмет на понатамошна постапка пред надлежното обвинителство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin