УТРО.мк

Фиктивни кредити на име на штедачи: Обвинителството води постапка против раководителка на штедилница

Фиктивни кредити на име на штедачи: Обвинителството води постапка против раководителка на штедилница
Vero

Раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци е осомничена дека подолг период одобрувала фиктивни кредити на име на граѓани и не ги евидентирала правилно нивните депозити. Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка и презема предистражни дејствија.

Според Обвинителството, на тој начин осомничената се стекнала со противправна имотна корист. Постапката се води поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и овластување, оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и проневера во службата.

На 6 ноември, по судска наредба, биле извршени повеќе претреси, при што биле одземени документација и други предмети. Откако биле откриени сомнителните дејствија, штедилницата ѝ го прекинала работниот однос.

Поради ризик од бегство, обвинителот побарал од судот да ѝ ја одземе патната исправа и да ѝ наложи да се јавува во судот. Обвинителството продолжува да го испитува случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран