УТРО.мк

Дрога и дигитална вага пронајдени во дом во Штип, четири лица лишени од слобода

Дрога и дигитална вага пронајдени во дом во Штип, четири лица лишени од слобода
Vero

Во координирана акција спроведена во раните утрински часови, полицијата во Штип приведе четири лица осомничени за недозволена трговија и поседување наркотични средства.

Акцијата се реализирала околу 1 часот по полноќ, кога полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот на 56-годишниот Т.И. Во објектот биле затекнати уште три лица – С.И. (32), И.В. (38) и С.К. (37), сите од Штип, кои во моментот користеле марихуана.

Според информациите од МВР, при претресот кај Т.И. биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, семки од канабис, дигитална вага, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело. Дополнително, кај С.К. биле откриени две пакувања со марихуана – едно поголемо и едно помало, додека кај С.И. било пронајдено уште едно пакување со истата супстанца.

Во друга просторија од домот била затекната и 28-годишната А.М., но кај неа не биле пронајдени недозволени предмети.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран