
Ако станам државен ЈО ќе направам надзор над затворената постапка за “Бонусите на СЈО” , порача во 24 анализа кандидатката за државен јавен обвинител Лидија Раичевиќ.
Раичевиќ тврди дека пиради јавносѕа ОЈО ГОКК има обрска да го образложи чекор по чекор постапувањето за “Бонусите на СЈО”
“После првото решение ние имавме турбуленции за овој случај, имавме дисциплински постапки, разрешувања. Јас лично реагирам на толкави износи на пари.
Јас бо одлуката на ОЈО ХОКК препознавам дека основот е цитиран е дека крибичното дело не претставува дело кое се гони по службена должност, не можам да го расчленувам затоа што не сум го прочиѕала. Но сметам дека старешините на ОКО ГОКК се должни ова решение јавно да го образложат. Да кажат од кои причини кривичното дело не е дело кое се гони по службена должност, да кажат какви дејствија се превземени и хронолошки да ги објаснат сите детали.Препорачувам новиот државен обвинител веднаш да го објави тој предмет.Ако има докази внатре преднетот треба да стигне до судска завршница” – изјави Раичевиќ
Таа порача дека според неа СЈО е “скршен колк” за ОЈО бидејќи не испорачале и не ги оправдале очекувањата.
“Очекував многу повеќе од СЈО, да видиме конкретен резултат и многу повеќе завршени предмети” ,вели Раичевиќ
Таа тврди дека никогаш не подлегнала на политички притисоци и ги немала.
“Апсолутно со моето искуство, стаж, образование сметам дека сум избор за државен јавен обвинител и очекувам позитивно мислење и од Совет на ЈО и на Владата, пoтенцира Раичевиќ.























