УТРО.мк

Коњановски: Општина Битола силно стои зад спортистите и спортските клубови

Коњановски: Општина Битола силно стои зад спортистите и спортските клубови
Vero

Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола по 62-ри пат ја организираат манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година. Повод за тоа беше денешната прес конференција.

Годинашното мото на манифестацијата е „Верувај во себе, направи шампион“.

Претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски рече дека подготовките се во завршна фаза, очекуваат и гости од неколку федерации од Македонија и гости од Министерството за спорт.

По категории ќе бидат избрани 10 најдобри спортисти, потоа најдобри сениорски, младински екипи и најдобри младинци.
„Имаше над 130 предлози за оваа година за избор на спортист. Навистина зад нас имаме многу успешна година во спортот во градот и бевме пред тешка одлука да ги определиме најдобрите“ рече Павловски.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кажа дека како Општина Битола спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа.

„Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија“ вели Коњановски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран