УТРО.мк

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на дивоградби до 2031 година

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на дивоградби до 2031 година
Vero

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ минатата недела поднесоа предлог за измени на Законот за легализација на дивоградбите, со кои се предлага рокот за легализација да се продолжи за уште пет години, до 2031 година. Измените се однесуваат исклучиво на граѓаните кои веќе поднеле документација и чекаат на своите имотни листови, без да се отвора можност за поднесување на нови барања.

„Граѓаните не смеат да останат со нерешен статус на својот дом поради административни препреки или бавни процедури. Многу наши сограѓани се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи или постапки кои не се нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок до 3 март 2026 година, што значеше дека илјадници предмети би биле прекинати во моментот на постапката“, истакна пратеникот Бојан Стојановски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран