УТРО.мк

Тоневски: Пробиштип доби ново модерно кошаркарско игралиште во Злетово

Тоневски: Пробиштип доби ново модерно кошаркарско игралиште во Злетово
Vero

Во општина Пробиштип заврши изградбата на ново кошаркарско игралиште во Злетово, со што учениците од ПОУ „Кирил и Методиј“ и локалното население добија современ простор за спорт и рекреација.

Градоначалникот Тони Тоневски информира дека станува збор за мултифункционален терен со современа подлога, кој ќе овозможи подобри услови за физичка активност, особено кај младите.

„Овој проект е дел од нашата стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за здрав и активен живот на граѓаните“, истакна Тоневски.

Од општината најавуваат дека во наредниот период ќе следи и хортикултурно уредување на просторот околу игралиштето, со што целиот комплекс ќе добие комплетно уреден и функционален изглед.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран