УТРО.мк

Македонски јазик и култура се воведува во уште едно хрватско училиште: Во 11 училишта веќе го изучуваат 108 ученици

Македонски јазик и култура се воведува во уште едно хрватско училиште: Во 11 училишта веќе го изучуваат 108 ученици
Vero

Во подрачното училиште „Стрмец“ во хрватскиот град Света Недела започна реализацијата на изборната настава по Македонски јазик и култура, со што уште една средина во Хрватска се приклучи кон мрежата училишта што нудат изучување на мајчиниот јазик на македонската заедница.

Зад иницијативата стои професорката Ивана Брезовец, која веќе подолг период го предава предметот во Првата гимназија во Загреб и активно делува во македонското културно друштво „Охридски бисер“. Идејата за воведување на наставата во Света Недела произлегла од интересот на ученици и родители, а поддршка била обезбедена од институциите задолжени за образованието и правата на националните малцинства во Република Хрватска.

На одбележувањето на почетокот на наставата присуствувале претставници на дипломатскиот кор и културните институции, како и локалната самоуправа. Амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, заедно со претставници од Министерството за наука, образование и млади на Хрватска, разговарале со училишното раководство за унапредување на соработката и за натамошна поддршка на програмата.

Градските власти на Света Недела ја поздравиле иницијативата, истакнувајќи дека образованието на јазиците на националните малцинства придонесува за меѓусебно разбирање и културна размена во локалната заедница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран