УТРО.мк

Трагедија во Будимпешта: Пожар во хотел – има жртви и десетици повредени

Трагедија во Будимпешта: Пожар во хотел – има жртви и десетици повредени
Vero

Смртоносен пожар избувна рано утринава во хотел во унгарската престолнина Будимпешта, при што има загинати лица, а повеќе од дваесет се повредени, дел од нив во тешка состојба.

Пожарот зафатил двокатна зграда – хотелот „Спорт“ на улицата „Зичи Петер“, при што покривот бил целосно уништен од пламените јазици. Според првичните информации, огнот најверојатно бил предизвикан од експлозија на плинска боца.

Пожарникарските екипи веднаш интервенирале на терен и успеале да евакуираат дел од присутните, но во урнатините биле пронајдени две тела. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на теренот, бидејќи се стравува дека има уште лица кои се водат како исчезнати.

Градоначалничката Отилија Ѓери информираше дека пожарот избувнал во текот на ноќта и дека меѓу повредените има и лица со сериозни, животозагрозувачки повреди.

Според информациите од службите, пожарот избувнал околу 2:15 часот, а иако првично бил ставен под контрола, околу 7 часот наутро повторно се разгорел, што дополнително ја отежнало интервенцијата.

Подоцна, надлежните соопштија дека огнот е целосно изгаснат, додека истрагата за причините за несреќата е во тек.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран