
Необичен случај се случил во Италија, каде 57-годишен маж по грешка фрлил кутија во која се наоѓале златни прачки со вредност од околу 120.000 евра.
Откако сватил што направил, мажот побарал помош од полицијата. Надлежните служби веднаш започнале истрага, при што биле прегледани снимките од безбедносните камери за да се утврди каде завршил отпадот.
Со следење на маршрутата на камионот за смет, полицијата ја лоцирала депонијата каде што бил однесен отпадот. По пребарување на теренот, златото било успешно пронајдено и вратено на сопственикот.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а од полицијата посочуваат дека брзата реакција и координацијата со комуналните служби биле клучни за пронаоѓањето на вредниот предмет.























