УТРО.мк

ЧЛЕН 300 СТАВ 2: Еве колку години затвор му се закануваат на возачот кој ја предизвика трагедијата на скопската обиколница

ЧЛЕН 300 СТАВ 2: Еве колку години затвор му се закануваат на возачот кој ја предизвика трагедијата на скопската обиколница
Vero

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во член 300 став 2 од Кривичниот законик стои:

– Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2,298 став 1 и 299
ставови 1 и 2 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни
со затвор најмалку четири години.

Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток.

Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. 

Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад.

По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран