На 01.09.2025 во 08:30 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај клучка Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(52) од Скопје. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 158 километри на час надвор од населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе му биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.