Сообраќајот на патниот правец А3 од Битола до државната граница со Република Грција е во прекин од 20:00 часот, поради сообраќајна несреќа.
Автомобилите се пренасочуваат преку селата Бистрица и Породин, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Несреќата се случила на кракот од Битола кон границата со Грција, во близина на крстосницата за селата Бистрица и Оптичари.
АМСМ апелира до возачите за внимателност и да ја следат сигнализацијата на теренот.























