
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М. (23) од село Селце, тетовско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите од полицијата, на 20 декември 2025 година, во дворот на Калето во село Селце, полициски службеници пронашле торба со марихуана. По извршеното вештачење било утврдено дека дрогата му припаѓа на пријавениот.
На 4 мај 2026 година во 09:00 часот, на улицата „Ѓоце Стојчески“ во Тетово, лицето било лишено од слобода и изведено пред истражен судија, кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
По одлуката на судот, осомничениот е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.























