УТРО.мк

15 возачи уапсени и одземени автомобили низ државата, меѓу нив и двајца малолетници

15 возачи уапсени и одземени автомобили низ државата, меѓу нив и двајца малолетници
Vero

Полицијата во текот на вчерашниот ден лишила од слобода 15 возачи низ државата, меѓу кои и двајца малолетници, поради управување возило без возачка дозвола, со активна забрана за возење или под дејство на алкохол.


Акцијата била спроведена на повеќе локации, а дел од приведените предизвикале и сообраќајни инциденти. Малолетник од Битола удрил во пешак, по што му било одземено возилото, додека во Гостивар мопед управуван од малолетник удрил во полициски службеник при вршење службени дејствија.


По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале изречена мерка забрана за управување моторно возило, поради што и нивните автомобили биле одземени.


Возачи во Македонска Каменица, Гевгелиско, Струмица и Македонски Брод биле затекнати зад волан под дејство на алкохол, а двајца од нив претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.


На сите лица кои управувале без возачка дозвола им биле одземени возилата, а приведените биле задржани во полициски станици. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран