УТРО.мк

Злато за САЕ „Тигар“ на меѓународниот полициски натпревар во Хрватска

Злато за САЕ „Тигар“ на меѓународниот полициски натпревар во Хрватска
Vero

Потврда за подготвеноста на македонската полиција – Припадник на САЕ „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25.02.2026 година, за што Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста.

На натпреварот учествуваа полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска и ФРОНТЕКС, што придонесе за исклучително силна конкуренција и висок натпреварувачки квалитет.

Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран