УТРО.мк

Песков: Средба на највисоко ниво можна само ако се финализираат договорите

Песков: Средба на највисоко ниво можна само ако се финализираат договорите
Vero

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за руската државна телевизија истакна дека евентуална средба помеѓу претседателите на Русија, САД и Украина (Владимир Путин, Доналд Трамп и Володимир Зеленски), би имала смисла само доколку е неопходна за финализирање на конкретни договори.

„Можеби тука треба да се согласиме дека тројцата претседатели треба да се сретнат само ако е потребно да ги финализираат договорите, или, како што велат Американците, ‘зделката’. Тоа е веројатно точно“, рече Песков.

Тој се осврна и на претходните изјави на украинскиот претседател, нагласувајќи дека Киев јасно го артикулирал својот став за тоа „на што никогаш нема да се согласи и што има намера да направи понатаму“. Според Песков, токму оваа позиција го прави сомнително одржувањето на средба на највисоко ниво, доколку украинската страна продолжи да ја застапува својата моментална линија.

На прашањето дали понудата до Зеленски да дојде во Москва за разговори сè уште важи, Песков потврди дека таа опција останува отворена. „Да, тоа беше зборот на претседателот Путин. Тој секогаш го држи својот збор“, истакна тој.

Песков, исто така, подвлече дека територијалните прашања остануваат најсложениот аспект на можното украинско решение. Тој нагласи дека пред било какви официјални средби меѓу Путин и Зеленски, потребна е „педантна стручна работа“ на ниво на експерти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран