УТРО.мк

Нови случаи на измама со лажни лекари во Битола

Нови случаи на измама со лажни лекари во Битола
Vero
pari
pari

Во Битола се појави нов бран измами со лажни лекари, кои таргетираат постари граѓани. Последниот случај го регистрираше СВР Битола, а жртва е 84-годишна жена која остана без 9.600 евра. Непознато лице ѝ се претставило како лекар и ѝ соопштило дека нејзината ќерка доживела скршеници и итно мора да се оперира. Жената, во паника, предала пари на непознат што дошол пред нејзината зграда, а потоа сфатила дека станува збор за измама откако контактирала со ќерка си.

Само еден ден претходно, 83-годишен битолчанец пријавил сличен случај во полиција. И нему му се јавил лажен доктор, кој тврдел дека неговата внука се здобила со тешки повреди и мора веднаш да биде оперирана. И овој пат, измамникот ги земал парите директно пред домот на жртвата.

Полицијата дојде до заклучок дека методот е идентичен во двата случаи. Лажниот лекар повикува, плаши со наводни итни медицински ситуации, а потоа испраќа лице за да ги земе парите од постарите луѓе.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран