УТРО.мк

Грчкиот поранешен министер за финансии обвинет за промовирање на дрога

Грчкиот поранешен министер за финансии обвинет за промовирање на дрога
Vero

Ексминистерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, се соочува со обвинение и претстојно судење поради изјавите што ги дал за сопственото искуство со дрога пред триесетина години, соопшти неговата политичка партија МеРА25.

Според најавата на партијата, грчкиот политичар, кој важеше за клучна фигура во левичарската влада на СИРИЗА за време на должничката криза во 2015 година и и натаму ужива значајна поддршка кај левичарските кругови во Европа, е повикан да се појави пред суд на 16 декември, пренесе „Политико“ од Брисел.

Обвинителите го пријавиле поради неговите коментари на подкаст, каде открил дека како млад човек учествувал на музички фестивал во Австралија на крајот на 80‑тите и пробал дрога. Варуфакис потврдил дека употребил марихуана и екстази на настан во Сиднеј во 1989 година. Тој опишал дека искуството првично било позитивно, но наскоро уследила силна мигрена која траела цела недела, што го натерало никогаш повторно да не посегне по такви супстанции.

Поранешниот министер објасни дека својата приказна ја споделил не за сензација, туку со цел да ги предупреди слушателите за потенцијалните опасности од дрогата, нагласувајќи дека „сè има цена“ и дека зависноста може да значи „загуба на личната слобода“.

МеРА25 ја обвини грчката влада дека ја злоупотребува правната власт за да го нападне Варуфакис поради неговите искрени изјави. Партијата оценува дека одлуката да се поведе судска постапка против политичка личност поради минати, отворено кажани искуства е повеќе од чудна, таа е „опасна порака“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран