
По поголем технички проблем што денеска предизвика привремено затворање на грчкиот воздушен простор и прекин на поголем дел од летовите, авиосообраќајот во Грција почнува постепено да се стабилизира.
Според најновите информации од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, по неколкучасовниот прекин предизвикан од дефект во радиофреквентните комуникациски системи, полека започнуваат да се реализираат летови. До 35 полетувања и слетувања дневно сега се опслужуваат на грчките аеродроми, вклучително и на најголемиот – Меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина.
Проблемот со радиофреквенциите, што предизвика значителни доцнења и прекини во утринските часови, сè уште се испитува во координација со надлежните институции и европската организација Eurocontrol, за да се обезбеди целосно и безбедно враќање на нормалниот режим на летови.
Овој постепен рестарт на авиосообраќајот е добра вест за патниците и транспортните оператори, откако грчкиот воздушен простор целосно беше затворен во утринските часови поради техничката грешка што стави привремено под карантин десетици летови.



























