Во близина на Рашка, вчера попладне било ограбено специјално возило за транспорт на пари во кое, според српските медиуми, се наоѓале околу два милиони евра државни средства. Возилото подоцна било пронајдено во околината на Нови Пазар.
Според објавените информации, група маскирани и вооружени напаѓачи го пресретнала возилото, насилно го одзела и потоа побегнала. Нема пријавени повредени во инцидентот.
Белградските медиуми пренесуваат дека станува збор за околу два милиони евра, но засега од Министерството за внатрешни работи на Србија нема официјална потврда или детали за случајот.























