УТРО.мк

Турист скокна од Стариот мост во Мостар – за малку избегна трагедија, па беше физички нападнат [ВИДЕО]

Турист скокна од Стариот мост во Мостар – за малку избегна трагедија, па беше физички нападнат [ВИДЕО]
Vero

Инцидент со вознемирувачка содржина се случи во Мостар, каде странски турист самостојно скокна од познатиот Стари мост во реката Неретва, предизвикувајќи остри реакции кај присутните локални жители. Според медиумските извештаи, туристот изведе скок без претходна најава и стручна подготовка, при што паднал само неколку метри оддалеченост од гумен чамец во кој се наоѓале луѓе.

Откако излезе од реката, неколку лица го нападнаа физички, обвинувајќи го дека со својот „нестручен скок“ ја загрозил безбедноста и покажал непочитување кон долготрајната мостарска традиција. Ситуацијата дополнително ескалирала на брегот, каде што се разменувале навреди, пцовки и физички удари, пренесува Слободна Далмација.

Настанот бил снимен со мобилен телефон и видеото прво беше објавено од порталот Crna-Hronika, по што експресно се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции меѓу корисниците – од осуда на насилството, до критики кон туристот поради неговото однесување.

Скокањето од Стариот мост е еден од највпечатливите симболи на Мостар и важен дел од културното наследство на Босна и Херцеговина. Секоја година, најчесто кон крајот на јули, таму се одржува меѓународен натпревар во скокови кој собира професионални спортисти, локални скокачи и илјадници посетители.

Организаторите постојано предупредуваат дека скоковите од оваа над 20 метри висока градба претставуваат сериозен ризик и бараат долгогодишна подготовка, искуство и изведување под стручна контрола. Температурата на реката Неретва, дури и во лето, останува мошне ниска, што дополнително го зголемува ризикот од сериозни последици.

Инцидентот повторно ја отвори дебатата за потребата од построга регулација и едукација на туристите во врска со оваа специфична локална традиција.

Turista skočio sa Starog Mosta, Mostarci ga pretuklipic.twitter.com/O8ASgYKAg5— Doznajemo (@Doznajemo)June 27, 2025

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран