УТРО.мк

Луди цени: Погледнете што се можете да купите за 10 евра на одмор во Албанија

Луди цени: Погледнете што се можете да купите за 10 евра на одмор во Албанија
Vero

Што може да се купи за 10 евра во Албанија? Српска туристка за првпат летуваше во Саранда и остана воодушевена

Албанија сè почесто се вбројува меѓу најповолните европски летни дестинации – и тоа со причина.

Патничката блогерка Јана оваа година за првпат одлучила да го помине својот одмор во Албанија, поточно во приморскиот град Саранда, и, како што вели, не погрешила.

„Ако сакате да откриете скриен бисер на Албанија, Саранда е вистинско место. Градот се наоѓа на југот од земјата, на брегот на Јонското Море, во близина на Грција, и нуди сè што е потребно за идеален одмор – кристално чисто море, археолошки локалитети, прекрасни плажи и жив ноќен живот“, споделува Јана во видео објава на социјалните мрежи.

Што добивате за 10 евра во Саранда?

Следејќи го популарниот тренд меѓу патничките блогери, Јана одлучила да истражи што сè може да се купи за само 10 евра во Саранда – и резултатите пријатно изненадија многумина.

За нешто повеќе од 10 евра успеала да купи:

гиро – 2,50 евра

топка сладолед – 1 евро

кафе на плажа – 1,20 евра

големо шише вода – 0,50 евра

лименка газиран пијалак – 0,90 евра

чоколадо – 1,10 евра

магнет за фрижидер – 2 евра

лименка пиво – 1,30 евра

Иако вкупната сума малку го надминува психолошкиот праг од 10 евра, разновидноста и количината на купените производи говорат за крајно достапните цени. Како дополнителен бонус, лежалките на плажа биле бесплатни.

„Цените се идеални“, „Бев минатата година – воодушевена сум“, „Најповолна дестинација каде што сум патувала“, „Навистина изгледа прифатливо“ – се само дел од позитивните коментари под видеото што Јана го објави на Инстаграм.

Албанија – тивок ривал на Хрватска

Угледниот магазин Conde Nast Traveler лани ја вклучи Албанија меѓу најисплатливите земји за патување во светот, заедно со Србија, Унгарија и Македонија.

Во својата анализа тие ја посочија Албанија како значително поевтина од останатите европски земји и сè уште недоволно експонирана на туристичката мапа – што ја прави совршена за истражување пред да стане пренаселена. Посебен акцент беше ставен и на локалната кујна, која, според магазинот, е уште една голема предност на земјата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран