УТРО.мк

Црногорската полиција запленила оружје и политички списоци од домот на Ацо Ѓукановиќ

Црногорската полиција запленила оружје и политички списоци од домот на Ацо Ѓукановиќ
Vero

Во домот на Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, полицијата при претрес запленила десетици страници документи во хартиена форма, како и повеќе парчиња нелегално оружје, објави „Вјести“. Според информациите, ова е првпат јавно да се споменуваат документите, кои откриваат дека Ацо чувал списоци на политички непријатели на својот брат, дел од кои биле во папка насловена „Предавници“.

Во потврдата за претресот се наведува дека полицијата пронашла прирачник за работа на социјалните мрежи за Демократската партија на социјалистите (ДПС), со страници од 1 до 67, како и листови хартија формат А4 зашиени со натпис „Предавник“ на жолто поле, во вкупен број од 25 листови. Дополнително, биле запленети три листа А4 со натпис „Негативна кампања“, десет листови со натпис „Страници за поддршка во периодот од 1 јануари до 1 април“, и 19 листови со натпис „Официјални профили во периодот од 1 јануари до 1 април – Фејсбук и Инстаграм“.

Полицијата исто така нашла еден лист со натпис „месечни трошоци“, три листа со натпис „група ’Спротивстави се’“, како и 28 листови со слики и текстови, пронајдени во кафеава коверта без натпис. Коверта со овие документи била пронајдена во гаражниот дел на домот, заедно со друга документација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран