УТРО.мк

АХВ потврди високи стандарди: Успешен ISO 9001 надзорен аудит

АХВ потврди високи стандарди: Успешен ISO 9001 надзорен аудит
Vero

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го положи редовниот надзорен аудит спроведен од сертификациското тело MQS, добивајќи високи оценки и позитивни наоди за својот систем за управување со квалитет. Аудитот ја опфати целокупната организациска структура, управувачките и оперативните процеси, како и нивната практична примена во секојдневното работење, со посебен фокус на интерните контроли, управувањето со ризици и континуираното подобрување на институционалните перформанси.

Аудиторите во својот извештај ја истакнаа институционалната подготвеност на АХВ, јасно дефинираните надлежности и одговорности, како и систематскиот пристап кон планирање, следење и оценување на процесите. Особено беше нагласено дека системот за управување со квалитет не е само формална обврска, туку функционален механизам кој ја зголемува ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на институцијата.

Меѓу најпозитивно оценетите практики се редовното ажурирање на интерните процедури, ефективниот систем за интерни проверки и корективни мерки, постојаната едукација и професионален развој на кадарот, како и јасно дефинираните цели и индикатори за квалитет. Дополнително, аудитот нагласи силна ориентација кон задоволство на корисниците и нивните потреби.

„Овој резултат е доказ за континуираната посветеност, професионалноста и тимската работа на нашите вработени, како и за стратешката визија на раководството да создаде модерна, транспарентна и ефикасна институција, усогласена со европските стандарди и добри практики“, истакна Оливер Миланов, директор на АХВ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран