УТРО.мк

Црна Гора доби најголем противпожарен авион во Европа

Црна Гора доби најголем противпожарен авион во Европа
Vero

Црна Гора обезбеди дополнителни капацитети за справување со летните пожари, откако склучи договор за изнајмување на противпожарен авион Антонов АН-32П, кој важи за еден од најголемите во својата категорија во Европа.

Договорот е склучен со украинската фирма „Ксена“ и е вреден околу 3,5 милиони евра. Авионот ќе биде стациониран во Црна Гора три месеци, почнувајќи од 1 јуни.

Воздухопловот пристигнува со комплетна екипа, вклучувајќи пилоти, техничари и механичари, како и целосно осигурување.

Антонов АН-32П е специјализиран противпожарен авион, опишуван како „летачка цистерна“, со капацитет на носење вода до 8 тони. За споредба, Ер тракторите носат околу 3 тони, додека Канадер авионите имаат капацитет од 5 до 6 тони.

Според информациите, авионoт веќе претходно бил користен во Црна Гора како дел од меѓународна помош од Обединетите Арапски Емирати, по што се покажал како ефикасен во гаснењето пожари.

Во Црна Гора моментално се располага со еден оперативен Ер трактор, додека уште два се на сервис, што дополнително ја зголемува потребата за изнајмување странски воздухоплови во летната сезона.

Практиката на изнајмување противпожарни авиони станува сè почеста во регионот, при што повеќе држави, меѓу кои Турција, Босна и Херцеговина и други земји, користат слични модели за зајакнување на противпожарните капацитети во периоди на зголемен ризик од пожари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin