УТРО.мк

Трамп донесе одлука за Западен Балкан

Трамп донесе одлука за Западен Балкан
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука со која до 27 јуни 2027 година се продолжува важноста на мерките што Соединетите Американски Држави првично ги воведоа за време на администрацијата на Џорџ В. Буш.

Одлуката, објавена во Службениот гласник на американската администрација – Федералниот регистар, го задржува правниот механизам што им овозможува на САД да воведуваат санкции и да замрзнуваат имот на лица и организации кои се оценети како закана за мирот, стабилноста и демократскиот развој во регионот на Западен Балкан.

Во документот се наведува дека ваквите мерки се поврзани со реакции на претходни кризни состојби во регионот, меѓу кои се споменуваат настани во Македонија, обиди за дестабилизација на Босна и Херцеговина и активности кои ја попречуваат имплементацијата на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН во однос на Косово.

Вашингтон оценува дека ваквите процеси претставуваат „невообичаена и извонредна закана“ за националната безбедност и надворешната политика на САД, особено кога се поврзани со лица кои учествуваат или поддржуваат екстремистичко насилство и опструкција на демократските процеси.

Дополнително, во 2021 година во рамките на истиот механизам е вклучен и проблемот со широко распространета корупција во земјите од Западен Балкан, што дополнително ја проширува основата за санкционирање.

Во најновата одлука, потпишана на 22 јуни, се наведува дека активности што го загрозуваат мирот, стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот и понатаму претставуваат безбедносен ризик за САД, поради што мерките остануваат на сила до 2027 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin