УТРО.мк

Трагедија го потресе Балканот: Жена почина откако била нападната од глутница кучиња

Трагедија го потресе Балканот: Жена почина откако била нападната од глутница кучиња
Vero

Почина Марија Буковиќ – 66-годишната жена нападната од кучиња во Даскатица

Хрватските медиуми денеска јавуваат дека почина Марија Буковиќ (66), жената која во март годинава беше тешко повредена при напад од чопор кучиња во селото Даскатица, кај Чазма. Веста за нејзината смрт ја потврди и директорката на Општата болница „Д-р Анѓелко Вишиќ“ во Бјеловар, Санела Грбаш Братковиќ, која, повикувајќи се на професионалната етика, не откри детали за случајот.

– Лекарите дадоа сè од себе за да ѝ помогнат на несреќната жена – изјави кратко Братковиќ.

Трагедијата се случи на 17 март годинава, кога Марија, за време на секојдневната прошетка низ селото, беше нападната од четири кучиња, во сопственост на нејзини соседи. Жестокиот напад резултираше со тешки телесни повреди – повреди по лицето, рацете, нозете и стомакот. Во бесознание, жената ја пронашол нејзиниот брат Никола, кој веднаш повикал Итна медицинска помош.

– Чув како вика: „Бранка, Бранка! Таа умира, нема да преживее!“ Се избезумив. Веднаш повикавме брза помош и полиција. Ни рекоа да не ја допираме. Маж ми ми кажа дека буквално ја изеле. Ѝ било одгризено увото, дел од лицето, главата ѝ била нагризана, немала коса, се гледале ребрата – изјави ден по нападот Бранка Буковиќ, роднина на Марија, видно потресена.

Од моментот на нападот па сè до вчера, Марија се наоѓала на лекување во болницата во Бјеловар. Лекарите се бореле за нејзиниот живот со сите расположливи методи – таа преживеала неколку оперативни зафати, вклучувајќи ампутација на рака и пресадување на кожа. Сепак, повредите биле преголеми, а организмот премногу ослабен за да издржи.

Местото Даскатица и целата заедница се уште се под впечаток од трагичниот настан, кој отвори сериозни прашања за одговорноста на сопствениците на опасни животни и безбедноста во руралните средини.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран