УТРО.мк

Тешка несреќа во Србија: загина возач, повредени патници

Тешка несреќа во Србија: загина возач, повредени патници
Vero

Рано утрово во селото Бресница кај Чачак се случи тешка сообраќајна несреќа кога возач на патничко возило од непознати причини ја изгубил контролата и удрил во автобус, соопштија локалните власти.

Возачот на автомобилот починал на лице место, додека неколку патници од автобусот се здобиле со повреди. На повредените веднаш им била укажана медицинска помош, а едно машко лице со тешки телесни повреди е примено на ортопедското одделение во болницата во Чачак со стабилни витални параметри.

„Сликите од местото на настанот се морничави. Судирот беше толку силен што автомобилот беше целосно смачкан, а автобусот излета од патот и удри во столб за далновод“, изјави еден од мештаните за РИНУ.

Полицијата спроведува истрага на лице место, а на патот Чачак–Краљево се формираше долга колона од возила поради застојот. Ова е уште една сериозна сообраќајка во Србија, откако пред два дена автобус се преврте и загинаа три лица.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран