Во саботата вечер, околу 21:30 часот, во скопската населба Драчево избувнал пожар во семејна куќа сопственост на двајца скопјани, Г.Д. (69) и Д.П. (71).
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш интервенирале и го изгаснале огнот, со што е спречено негово ширење на соседните објекти.
Според податоците на СВР Скопје, во инцидентот нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.