УТРО.мк

Романија бара поврат на златото што го чува Русија речиси еден век

Романија бара поврат на златото што го чува Русија речиси еден век
Vero

Букурешт – Романија инсистира на враќање на околу 90 тони злато, кои пред скоро 100 години ѝ биле предадени на Русија на чување, пренесуваат романските медиуми. Според Кристијан Паунеску, советник на гувернерот на Националната банка на Романија, станува збор за морална обврска кон предците и идните генерации.

Вредноста на ова злато денес се проценува на околу 8 милијарди евра, а сите обиди за преговори досега биле игнорирани од Русија, пренесува Digi24.ro. Во 1916 година, по влегувањето на Романија во Првата светска војна на страната на сојузниците и окупацијата на Букурешт од германските и сојузничките сили, романската влада, кралското семејство и дел од државните институции се повлекле кон Јаш. Националните богатства, меѓу кои и 91,5 тони злато, културни артефакти и кралски накит, биле испратени во Русија за безбедно чување.

Иако златото никогаш не било вратено, Русија ја потврди автентичноста на договорот од 1916 година, но истовремено побарала проверка на слични документи од своја страна. Преговорите, кои траеле и по создавањето на комисијата во 2003 година, се повторно во мирување по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Европратеникот Еуген Томац минатата година поднесе барање до Европскиот парламент за враќање на златото, кое беше поддржано од сите партии. Паунеску посочи дека една од опциите за враќање на богатството би можела да биде користење на замрзнатите руски средства во Европа, кои досега се употребувале за поддршка на Киев.

Романското Министерство за надворешни работи истакна дека земјата ќе продолжи да се обидува да го реши прашањето преку постојните механизми и работата на комисијата, кога тоа ќе дозволи политичката ситуација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран