Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, се заблагодари на граѓаните за големата поддршка на локалните избори.
Во своето обраќање, Илиевски истакна дека довербата на граѓаните е потврда дека со чесна работа и искрена посветеност општината станува пример за развој, транспарентност и единство. И покрај тоа што за околу 200 гласа недостигаа за победа во првиот круг, тој посочи дека резултатот е јасна порака дека народот ја препозна вистинската работа и визија.
„Разликата со конкуренцијата е огромна и симболизира довербата што ја изградивме заедно“, нагласи Илиевски, најавувајќи дека во вториот круг ќе се потврди водството и ќе се заврши започнатата приказна за модерна, развиена и обединета Брвеница.
Тој повика на продолжување на активностите со истата енергија и посветеност и на крај порача: „Да ја заокружиме победата за Брвеница! Да продолжиме заедно напред! Да живее Брвеница! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија!“