Владимир Салдо, нелегално назначен руски гувернер на Херсонската област, во разговор за ТАСС изјави дека „руските вооружени сили започнале со ослободување на Херсон од украинската армија“. Тој посочи дека „индустриската зона и летувалиштата на островите во долниот тек на реката веќе се под контрола на руските сили“.
Нелегално прогласениот гувернер објасни дека делови од градот се на левата обала на реката Днепар и се под контрола на руските вооружени сили. Тој нагласи дека станува збор главно за индустриски зони, а покрај тоа „руската армија контролира голем број летувалишта“.
„На островите кои се наоѓаат во долниот тек на Днепар, од Херсон до Црното Море, има прилично голем број летувалишта. Сите тие се под контрола на руските вооружени сили. Затоа, ослободувањето на самиот град Херсон веќе започна“, изјави Салдо.